Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕКСТРЕМНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ! Водата ги избрка луѓето од домовите, надлежните порачаа: ќе биде полошо од ова! (ВИДЕО)

ЕКСТРЕМНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ! Водата ги избрка луѓето од домовите, надлежните порачаа: ќе биде полошо од ова! (ВИДЕО)

Невремето предизвика најголемо уништување во државата во последните години.

Десет лица загинаа, додека 21 лице се водат како исчезнати поради поплавите и лизгањето на земјиштето што оваа недела ја погодија бразилската држава Рио Гранде до Сул.

Според локалните медиуми, властите предупредуваат дека ситуацијата е критична и дека може да стане уште полоша. На прес-конференција одржана во средата, гувернерот на државата Едуардо Леите рече дека разговарал со претседателот Луис Инасион Лула да Силва и од него побарал секаква можна помош.

- Ова е најлошиот момент, катастрофа во нашата историја. Апсолутно е незамисливо вакво нешто сериозно да се случува. За жал, ќе биде уште полошо – рече гувернерот.


Најголемото уништување во државата

Според гувернерот, невремето предизвикало најголемо уништување во државата во последните години, оставајќи неколку градови изолирани по уривањето на мостовите и уништените патишта поради поплави и лизгање на земјиштето.

Леите прогласи прекин на наставата низ целата земја до крајот на неделата и нагласи дека побарал од вооружените сили целосна поддршка за помош во овој момент, што според него е „слично на соочување со војна“.

Порастот на водостојот на реките и поплавите, кои зафатија 114 општини, доведоа до раселување на 3.400 луѓе по невремето.


Во извештајот се наведува и дека поплавите ќе бидат сериозни во многу речни сливови, а можни се и поројни поплави.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести