Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕКСТРЕМНАТА ОПАСНОСТ ОД ЛЕВЕРКУЗЕН СЕ ШИРИ И КОН ДРУГИТЕ ГРАДОВИ: Во експлозијата има повредени, а по петмина се трага, над градот се шири отровен облак

ЕКСТРЕМНАТА ОПАСНОСТ ОД ЛЕВЕРКУЗЕН СЕ ШИРИ И КОН ДРУГИТЕ ГРАДОВИ: Во експлозијата има повредени, а по петмина се трага, над градот се шири отровен облак

Во силната експлозија што се случи утринава пред 10.00 часот во Леверкузен состојбата станува се подраматична. Германските медиуми сега јавуваат дека неколку лица се повредени, од кои две потешко, а пет лица се водат за исчезнати.

Затворени се автопатите А1 меѓу Келн и Нил и Круз Леверкузен, А3 меѓу Лангенфелд и Круз Леверкузен и А59 меѓу Монхајм и Круз Леверкузен. Екстремната опасност се прошири на блискиот град Золинген.

Полицијата од Келн на Твитер напиша дека ситуацијата „во моментов сè уште е збунувачка“. Тие апелираат до граѓаните да ја избегнуваат областа околу експлозијата и улиците да бидат слободни за службите за итни случаи.

Според последните информации, властите прогласиле крајна опасност, а на граѓаните мора останат во домовите и да им бидат затворени прозорците. Предупредувањето е дека отровен се шири над градот.


ФОТО: Wetter.de

Слично

Поврзани вести