Eкстремна суша ја доведе Европа во состојба на тревога
Невидена суша има на европскиот континент. Речиси две третини од Европа се во состојба на тревога за суша или предупредувања поради топлотните бранови и слабите врнежи од дожд. 47 проценти од Европа се во услови на предупредување, со недостиг на влага во почвата, а 17 отсто се во состојба на готовност бидејќи е зафатена и вегетацијата.
Европа можеби ја доживува најлошата суша во изминатиот најмалку половина милениум, објави денеска Европската комисија.
„Сушата „се чини дека е најлоша во изминатите најмалку 500 години“, рече денеска портпаролот на Европската комисија Јоханес Барке, повикувајќи се на извештајот. Приносите на пченка, соја и сончоглед ќе се намалат до 15 проценти. Франција, Италија, Холандија, Шпанија се соочуваат со суши. Поради сушното време ќе поскапи и маслиновото масло. Жителите во делови од Франција вода добиваат од цистерни и во ограничени количини. Photo Sipa /Sébastien SALOM-GOMIS
