Економија, финансии, бизнис

Контакт

Екстремистите во офанзива кон две воени бази во Сирија

Екстремистите во офанзива кон две воени бази во Сирија
Најмалку три контролни пункта поставени во близина на воените бази на северозападот во Сирија денеска биле освоени од бунтовници и екстремисти поврзани со Ал Каеда, соопштуваат опозиционите активисти. Положбите кои се заземени во жестоките борби се наоѓаат во близина на базите Вади Деиф и Хамидих во близина на градот Марет ел – Нуман во сириската покраина Идлиб. Бунтовниците од 2012 година се обидуваат да ги заземат овие положби но обидите биле безуспешни. Сириската опсерваторија за човекови права и Локалните координациони одбори соопштиле дека бунтовниците отпочнале офанзива врз базите. Директорот на Опсерваторијата за човекови права , Рами Абдурахман, истакнал дека бунтовниците и фронтот Нусра зазеле три контролни пунктови во близина на базите. Тој соопштил дека најмалку 15 војници и осум бунтовници загинале за време на судирите.
Слично

Поврзани вести