Екстремистите стигнаа на 50 километри до Багдад
Исламските екстремисти во Ирак ги зазедоа Садија и Џалавла, градови во провинцијата Дијала, и продолжија со судирите со ирачките безбедносни сили приближувајќи се до главниот град Багдад.
Судири во моментот се водат недалеку од Бакуба, на само 50 километри северно од Багдад.
Припадниците на радикалната група ИСИЛ претходните денови ги зазедоа Мосул и Тикрит,а повеќе од половина милион луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови. Портпаролот на ИСИЛ Абу Мохамед ел Аднани се закани со жестоки битки за Багдад и Карбала, едно од најсветите места за шиитите.
Овој човек стои зад немирите во Ирак – сака да го надмине Бин Ладен
САД не ја разгледуваат можноста да испратат копнени трупи во Ирак за да помогнат во задушување на бунтот, изјави портпаролот на Белата куќа Џеј Керни. Сепак, американскиот претседател Барак Обама најави дека не исклучува ниту една можност за помош на ирачките власти да ја вратат контролата.
Керни, пак, објасни дека Обама со оваа изјава всушност мислел само на воздушни напади, а не на нова копнена интервенција. Највисоките претставници на НАТО и на Велика Британија исто така се изјаснија дека не планираат воено да се ангажираат во Ирак.
Слично
