Економија, финансии, бизнис

Контакт

Екстремистите се закануваат: Следна на удар кумицата на Путин?

Екстремистите се закануваат: Следна на удар кумицата на Путин?

Се згусна во Русија! Руската ТВ водителка и опозиционерка Ксенија Сопчук добила закани со смрт откако на социјалните мрежи му оддаде почит на убиениот Борис Немцов, водачот на опозицијата кој беше убиен во петокот во Москва.

Состојбата е уште повеќе сериозна кога се има предвид дека Ксенија (33) е кумица на претседателот Владимир Путин.

Таткото на Ксенија Анатолиј бил градоначалник на Санкт Петербург кон крајот на 90-тите и прв ментор на Путин, поранешен агент на КГБ.

-Откажи се Ксенија, твојата смрт ќе биде брза - е една од заканите која плавокосата убавица ги добила, откако на социјалните мрежи открила дека како дете одела на санкање со Борис Немцов во швајцарски Давос.

-Среќен сум бидејќи има еден скот помалку на светот. Кога е твојот ред? - гласи уште една во низата пораки.

Анатолиј Сопчук починал од срцев удар во 2000 година, а Ксенија пред неколку години се сврте против Путин.

-Во Русија постојат мрачни сили над кои претседателот нема контрола. Тоа може да доведе до хаос - наведе Ксенија после убиството на Немцов.

Слично

Поврзани вести