Екстремистите го предупредуваат САД да не праќа војници во Ирак
Екстремистичката организација на Исламската држава објави видео во кое САД ги предупредува на тоа што ги чека американските војници во Ирак, доколку претседателот Барак Обама во таа земја праќа трупи.
На видеото во траење од 52 секунди под наслов „Пламена војна“ се пркажуваат екстремисти кои во воздух креваат тенкови и пукаат на американскиѕте војници.
Се прикажува и изјавата на американскиот претседател дека американските војници нема да се вратат во Ирак, а целиот прилог завршува со текстот „Борбата само што започна“.
Снимката е објавена денеска, и како што се верува, одговорот на екстремистите на изјавата на началникот на Здружениот штаб на американската војска Мартин Демпси дека Пентагон би можел да испрати воени советници во ирачката војска.
