Економија, финансии, бизнис

Контакт

Екстремисти се претставуваат како хуманитарци и ги регрутираат бегалците

Екстремисти се претставуваат како хуманитарци и ги регрутираат бегалците

Германската служба за разузнавањеинформира дека лажни хуманитарци стапуваат во контакт со мигрантите и се обидуваат да ги регрутираат.

Шефот домашната служба Ханс-Георг Маасен рече дека имаат забележано салафисти кои се претставуваат како добротвори и помагачи .

"Конкретно бараат контакти и шират покани за посета на злогласените џамии за да може да регрутираат луѓе за нивната кауза." – вели Маасен.

Службата проценува дека околу 7.500 луѓе во Германија се приврзаници на салафизмот, движење што се води по строго толкување на исламот што ускратува многу современи демократски права.

 
Слично

Поврзани вести