Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕКСТРЕМЕН ПОТЕГ: Романец заминал да живее во најстудениот дел од светот

ЕКСТРЕМЕН ПОТЕГ: Романец заминал да живее во најстудениот дел од светот

Романец веќе 17 години живее во најстудениот дел од светот.

Мариус Гуира направил екстремен потег. Од округот Алба кој се наоѓа на западот од Романија, тој со семејството решил да се пресели во еден од најстудените делови од светот, во Бурјатија во Русија.

„Никогаш во сите овие години во Улан-Улде официјално не било олку студено. Неофицијално, во разни приградски населби било минус 40 степени. Колку за пример, во 2017 година бадворешниот термометар на куќата од пријателот со кој славев Нова година покажа минус 42 степени Целзиусови. Утрово истиот термометар покажа мину 50“, вели Гуира.

Раскажува дека на такви температури тешко се дише. Децата не одат во училиште, а училиштата се затворени.

„Отидов утрово во продавница пеш. Млеко, леб, компири, влегов во три продавници во радиус од 500 метри. Ако не поминете многу време надвор, може да преживеете. Иако тепко ќе дишете, ноздрите ќе ви се соберат, а на мустаќите ќе ви се нафатат мразулци по само неколку минути дишење студен воздух“, вели Романецот.

На минус 50, за да тргнете со автомобилот некаде, мора да го подготвите неколку часа порано. 

„На овие температури акомулаторот воопшто не работи. Вратите тешко се затвораат, дури од трет, четврт обид. Низ град, со сопирање, палење, пауза, и загревање на моторот, нашиот автомобил троши 20 литри годиво на 100 км. Ако е навистина студено, во такви услови моторот мора да работи по 30 минути на секој час. Инаку, ризикувате никогаш повеќе да не запали“, вели Гуира.

Во кинески град на минус 53 степени, јајце замрзне веднаш по кршењето. Исто така, водата замрзнува во воздух од екстремно ладното време. 

Слично

Поврзани вести