Економија, финансии, бизнис

Контакт

Експлозивниот Samsung Galaxy Note 7 забранет од авио компаниите

Експлозивниот Samsung Galaxy Note 7 забранет од авио компаниите

Телефонот на Samsung е прогласен за безбедносен ризик при летање

Повеќе авио компании ја следат препораката на Европската агенција за безбедност на летање за забрана за користење на новиот телефон Samsung Galaxy Note 7 чија нестабилна батерија досега предизвика педесетина експлозии. 

Први кои воведоа забрана за Galaxy Note 7 се компаниите Виз Ер и Адриа Ервејс со посочување на патниците дека нивниот телефон мора да го сместат во рачниот багаж, за време на летот не смеат воопшто да го вклучат, ниту пак да ја полнат батеријата додека летаат за да не дојде до несакани последици. 

Воздухопловните власти на САД и Австралија исто така воведоа забрани за користење на Galaxy Note 7 во текот на летовите. Samsung мораше да повлече 2.5 милиони смартфони од продажба бидејќи батеријата има фабричка грешка, па единствено на кинескиот пазар нема проблеми со батерија обезбедена од друг добавувач.


Слично

Поврзани вести