Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕКСПЛОЗИВНА НАПРАВА НА МОСТОТ ПО КОЈ СЕ ДВИЖЕЛ АВТОБУС ЗА ЕВАКУАЦИЈА? Властите во Луганск тврдат дека пронашле бомба на патот кон граничниот премин

ЕКСПЛОЗИВНА НАПРАВА НА МОСТОТ ПО КОЈ СЕ ДВИЖЕЛ АВТОБУС ЗА ЕВАКУАЦИЈА? Властите во Луганск тврдат дека пронашле бомба на патот кон граничниот премин

Отцепените региони Доњецк и Луганск во источна Украина се ставени во состојба на зголемена готовност поради извештаите за стотици прекршувања на примирјето од страна на украинските војници кои напаѓале со артилерија, минофрлачи и противтенковски оружја над линијата на контакт во последните 48 часа, пренесуваат медиумите во Русија.

Властите во самопрогласената Народна Република Луганск откриле експлозивна направа под мостот по кој се движат автобусите кои евакуираат цивили од регионот во Русија, изјави за Sputnik International извор поврзан со безбедносните служби.

Направата наводно била пронајдена надвор од градот Малогвардејск, на пат кон граничниот премин Изварино.

Претходно денеска, властите во Доњецк соопштија дека добиле анонимни предупредувања за подметнување експлозиви во згради во северниот дел на градот, вклучувајќи два хотели и четири станбени области.

Во петокот вечерта џип на началникот на Доњецката народна милиција Денис Синенков беше разнесен на паркингот пред зградата во која е сместена Владата на самопрогласената република. Инспекторите веруваат дека се работи за намерен напад со автомобил-бомба, при што експлозијата е доволно силна за да се слушне низ градот.


Слично

Поврзани вести