Економија, финансии, бизнис

Контакт

Експлозија во нафтена платформа во Бразил

Експлозија во нафтена платформа во Бразил
Најмалку три работници загинале во експлозија на нафтена платформа на природен гас во Бразил со која управува државната енергетска компанија „Petroleo Brasileiro SA“, соопшти вечерва синдикатот на таа компанија.
 Најмалку четири работници се повредени, а шест се водат како исчезнати во експлозијата на платформата „Sidade de Sao Mateush“, рекол во изјава за Ројтерес извршниот директор на синдикатот „Sindepetro-ES“, Давидсон Ломбо, кој се наоѓа во седиштето на „Petrobras“ Виторија откаде ја надгледува спасувачката операција.
Причината на експлозијата засега не е позната.
„Sidade de Sao Mateush“ се наоѓа на полето Камарупи, 75 км североисточно од Виторија, главен град на Еспирито Санто и произведува околу 2000 барел нафта дневно од февруари 2014, според податоците на бразилската регулаторна комисија за нафта АНП.
Слично

Поврзани вести