Експлозија во Истанбул, најмалку 4 загинати
Најмалку 4 лица загинаа, а 20 други се повредени денеска при самоубиствен бомбашки напад во центарот на Истанбул.
Нападот се случил на улицата Истиклал, во близина на централниот истанбулски плоштад Таксим, која е позната по големиот број продавници на познати домашни и странски бреднови.
Според тамошните медиуми, меѓу загинатите при експлозијата е и бомбашот-самоубиец.
Турските власти се плашат дека со наближувањето на курдската Нова година, која се прославува на 21 март, постои опасност за бројни терористички напади.
Денешната експлозија во Истанбул доаѓа по нападот во Анкара на 13 март, при кој загинаа 37 лица. Одговорност за овој напад презеде групата Соколи за слободата на Курдистан (ТАК), која е формирана од отпадници од Курдската работничка партија (ПКК).
Слично
