Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕКСПЛОЗИЈА ВО ФРАНЦИЈА-НАЈМАЛКУ СЕДУМ МРТВИ, ИМА И ДЕЦА: Јагленисаните тела се пронајдени под урнатините на зградата, се трага по други

ЕКСПЛОЗИЈА ВО ФРАНЦИЈА-НАЈМАЛКУ СЕДУМ МРТВИ, ИМА И ДЕЦА: Јагленисаните тела се пронајдени под урнатините на зградата, се трага по други

Најмалку седум луѓе, меѓу кои две деца, загинаа во експлозија и пожар во југозападна Франција во градот Сен Лоран де ла Салан, изјави министерот за внатрешни работи Жерал Дарманен.

Околу 8.30 часот од Брзата помош, за француските медиуми информираат дека телата се пронајдени во урнатините.

- По експлозијата веднаш избувнал пожар, изјави полковникот Протипожарната бригада кој интервенирал заедно со уште 85 пожарникари. Експлозијата погоди најмалку 11 станови.

Во трагедијата има и најмалку четири лица кои се повредени, од кои едно потешко, а околу 25 лица се евакуирани. 27-годишно момче се здобило со сериозни повреди откако скокнал од зградата за да го избегне пожарот кој избувнал по експлозијата.

Итно е пренесен во болница, пренесува „Ле Паризиен“, наведуваќи и дека три лица биле полесно затруени од токсичните испарувања. 


ФОТО: Le Parisien/Twitter

Слично

Поврзани вести