Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕКСПЛОЗИЈА ВО ЏАМИЈА: Колку верници загинаа?

ЕКСПЛОЗИЈА ВО ЏАМИЈА: Колку верници загинаа?

Во експлозија пред и во џамија во нигерискиот град Муби загинаа повеќе од 37 луѓе, информираше полицијата. Се претпоставува дека нападот е извршен од припадници на екстремистичката група Боко Харам.

„Пренесовме десетици убиени и повредени во болница, а спасувачката операција продолжува. Сѐ уште е тешко да се утврди точниот број на жртви, бидејќи сѐ уште ги евакуираме. Тука е хаос,“- изјави спасувачот Хабу Салех.

Нигерискиот претседател, Мухамаду Бухари на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, изјави дека Боко харам е „ужасен проблем“ за Нигерија.

Во нигериската сојузна држава Борно при минатонеделниот напад на џихадистичката група Мајдугури загинаа четири лица.

Слично

Поврзани вести