Економија, финансии, бизнис

Контакт

Експлозија пред градинка, деца и возрасни лежат на земја

Експлозија пред градинка, деца и возрасни лежат на земја

Силна експлозија имаше пред детска градинка во источна Кина, во моментот кога завршиле часовите. 

Според првичните информации има и мртви. 

Експлозијата се случила околу 16.50 часот, кога децата се подготвувале да си заминат дома. Градинката пред која дошло до експлозијата се наоѓа во местото Фенгсиан во провинцијата Џианкцу. Полицијата ја потврди експлозијата, но не соопшти детали. Не се знае дали се работи за несреќен случај или намерно е предизвикана експлозијата. 

На социјалните мрежи се објавени фотографии на кои се гледаат деца и возрасни кои лежат на земја во крв. 

Градинките во кина и порано биле напаѓани, поради одмазда кон луѓе кои се непосакувани во соседството.

Слично

Поврзани вести