Економија, финансии, бизнис

Контакт

Експлозија го потресе Лестер, четири лица загинаа

Експлозија го потресе Лестер, четири лица загинаа

Силна експлозија синоќа го потресе градот Лестер во централна Англија.

Според соопштението на британската полиција во експлозијата четири лица загинаа, а уште четири други се повредени. Од експлозија се урна трикатна зграда, а полицијата затвори најмалку две улици за да обезбеди пристап за пожарните и брзата помош.

„Досега имаме потврда за четири смртни случаи, додека во оваа фаза неколку лица остануваат на лекување в болница“, изјави началникот на полицијата во Лестер, Шејн О’Нил.

Се стравува  од можноста ова да не е конечниот биланс на жртви, бидејќи не е исклучено под остатоците на зградата да има уште затрупани лица.



Експлозијата, се случила околу 19 часот по локално време на улицата Хинкли. Истрагата за експлозијата локалната полиција посочи дека ќе ја спроведе заедно со противпожарната служба. Властите ја исклучија верзијата на терористичкиот акт. 

„Во оваа фаза, нема индиции дека експлозијата е поврзана со тероризмот, се вели во соопштти полицијата.

Британската полиција ја оквалификува експлозијата како „голем инцидент” во кој „комплетно се уништени мини-маркет и куќа“.


Слично

Поврзани вести