Експлозии во полски град - паднаа жртви
Ракети паднале во Полска каде има загинати.
Премиерот Матеуш Моравјецки свика итна средба на националниот совет за безбедност и одбрана по извештаите за смртоносен ракетен напад во близина на полската граница со Украина.
Полските медиуми јавија дека имало експлозии во градот Пжеводов, кој се наоѓа во регионот Лублин во близина на границата со Украина. експлозијата се случила во земјоделски објект, при што загинале две лица, пишуваат полските медиуми.
Полска од првиот ден на инвазијата дава поддршка на Украина и изрази загриженост дека походот на Русија може да зафати и други земји.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги предупреди своите граѓани дека денеска може да се соочат со нови руски ракетни напади.
Молдавија е без струја откако Русија започна напади врз енергетски и комунални цели во Украина што предизвика исклучување на клучниот далновод што води кон оваа земја. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари годинава.
фото Твитер
