Експлозии во Киев, градот може да остане без централно греење
Голема експлозија го потресе украинскиот главен град Киев, при што може да е погодено централното греење.
Мета на нападот била централната железничка станица во Киев.
„Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета, но експлозијата би можела да го прекине снабдувањето со централно греење на делови од главниот град на Украина каде има ниски зимски температури“, изјави советникот на Министерството за внатрешни работи Антон Херашченко во објава на интернет.
Русија објави дека досега во Украина им загинале 500 војници, а Украина тврди дека се убеини 7.000 руски војници. Руските трупи напаѓаат цели во големите градови во Украина.
Слично
