Економија, финансии, бизнис

Контакт

Експлодираше рускиот вселенски брод „Прогрес“

Експлодираше рускиот вселенски брод „Прогрес“

Рускиот товарен вселенски брод „Прогрес“ експлодираше напуштајќи ја орбитата на планетата на пат кон Меѓународната вселенска агенција каде требаше да достави намирници и материјали тешки речиси два тона, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос.

Засега нема детали како дошло до експлозија на вселенското летало, туку само се знае дека поголемиот дел од товарот и компонентите согореле навраќајќи се во атмосферата на Земјата, а падот се случил на Сибир. Според НАСА можно е третата фаза на одвојување од лансирната ракета да се активирала предвреме по што е нарушена патека на движење за поврзување со Меѓународната вселенска агенција. 

Засега нема информации дали оваа пратка е клучна за продолжување на мисијата не неколку космонаути на Роскосмос и астронаутите на НАСА и кога ќе се активира ново летало за доставување на неопходните пратки. 


Слично

Поврзани вести