ЕКСПЛОДИРАШЕ МОТОР ВО ЛЕТ: Патниците во авионот мислеа дека нема да преживеат
Авион „боинг 737“ на компанијата Southwest Airlines утрово по локално време бил принуден да слета на аеродромот во Филаделфија, затоа што еден од моторите експлодирал.
Во авионот патувале 149 патници од Њујорк до Далас.
Како што се наведува, во кабината на авионот дошло до опаѓање на нивото на кислород, откако парче од моторот скршило еден од прозорците.
Патниците од авионот на социјалните мрежи објавија дека експлозијата на моторот се случила на 10.000 метри надморска височина и дека биле сигурни дека нема да го преживеат принудното слетување.
Слично
