Експлодира автобус во центарот на Истанбул
Експлозија на автобус во центарот на Истанбул денеска ги вознемири жителите на Турција.
Експлозијата се случила во близина на станицата Топкапи. Во експлозијата нема повредени, а по гаснењето на пожарот сообраќајот повторно се одвива непречено.
Според порталот Daily Sabah, експлозијата одекнала во неисправен автобус, кој се движел во гаража на ремонт. Првичните сознанија покажуваат дека не станува за терористички напад.
Полицијата ги истражува сите околности околу експлозијата.
Слично
