ЕКСПЕРТИТЕ ЈА ОТКРИЈА ПРИЧИНАТА ЗА ФАТАЛНАТА НЕСРЕЌА НА ХЕЛИКОПТЕРОТ СО АВИОНОТ НАД ВАШИНГТОН: Еве што се случило
Имал „проблем со
висината“ кога хеликоптерот Black Hawk се судрил со патнички авион во близина
на Националниот аеродром Роналд Реган во Вашингтон минатиот месец, при што
загинаа 67 лица, изјави синоќа американскиот министер за одбрана Пит Хегсет за
Fox News. Ова беше најсмртоносната авионска несреќа во САД во последните 20
години.
Истражителите од Националниот одбор за безбедност во сообраќајот утврдиле дека авионот CRJ700 се наоѓал на висина од 91 метар, со минимални отстапувања, во моментот на судирот, изјавиле претставници претходно во февруари...
Хеликоптер лета над максималната височина?
Ова сугерира дека воениот хеликоптер летал над 61 метар (200 стапки), максималната височина за рутата што ја користел. Пред неколку дена, претседателот Доналд Трамп на својата социјална мрежа напиша дека „хеликоптерот Black Hawk летал премногу високо. Далеку над границата од 200 метри“.
фото: EPA-EFE/WILL OLIVER