Eксперти открија што имало во пристаништето во Бејрут
Експерти објавија дека во бејрутското пристаниште има уште најмалку 20 контејнери со опасни хемикалии.
Експертите соработуваат со либанските пожарникари за да ги обезбедат сите контејнери и да ја анализираат нивната содржина.
Некои контејнери напукнале во експлозијата која на 4 август го стресе пристаништето и Бејрут, рече поручникот Антони, француски хемиски експерт кој нема овластување да го каже целото име во согласност со политиката на владата.
Француските и италијанските хемиски експерти досега идентификувале повеќе од 20 контејнери со опасни хемикалии, кажа Антони.
„Забележавме контејнери со ознака за хемиска опасност и потоа видовме дека еден од нив протекува“, изјави тој за Асошиејтед прес.
Антони не кажа за какви хемикалии станува збор, ниту изнесе повеќе детали.
Владата во Либан си поднесе оставка.