Експерти на „Обединети нации“ во знак на протест ја напуштија Унгарија
Експертите од Работната група на Обединетите нации за арбитражен притвор рекоа дека ќе престанат да ја посетуваат Унгарија откако не им беше дозволен пристап до две "транзитни зони" во близина на границата со Србија во која се собираат мигрантите.
Во соопштението се вели дека експертите протестираат поради одбивањето на властите да им дозволат да ги посетат "транзитните зони на Река и Томпа, каде што мигрантите и барателите на азил, вклучувајќи ги и децата, се лишени од слобода".

Исто така се наведува дека унгарските власти се целосно свесни дека Работната група сака да ги посети овие локации, објави Бета.
Во 2015 година Унгарија подигна бодликавата жичана бариера на границите со Србија и Хрватска, каде што воспостави "транзитни зони" во кои барателите на азил се чуваат додека барањето не биде решено.
Властите во Будимпешта поканија специјалисти на ОН да ја посетат земјата од 12 до 16 ноември.
Работната група изјави дека нивниот мандат предвидува "слобода на истрага".
