ЕКСПЕРТИ: Експлозијата во Северна Кореја не била од хидрогенска бомба
Извршниот секретар на Организацијата на Договорот за сеопшта забрана на нуклеарните обиди (CTBTO) Ласина Зербо смета дека експлозија на 6 јануари од севернокорејска бомба не била хидрогенска, иако моќта на експлозијата била зголемена со дополнителни изотопи.
„Северна Кореја: експлозијата е недоволно силна за да кажеме дека тоа е Хидрогенска бомба, но хипотезата дека нуклеарното распаѓање било зајакнато со изотопи на водород, е веродостојно“, пишува Зербо во својот микроблог на „Твитер“.
Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун сепак тврди дека тоа било тестирање на Хидрогенска бомба, и дека тоа е „акт на самоодбрана“ на Северна Кореја како одговор на заканата од атомска војна од страна на САД и нивните сојузници.
Слично
