ЕКСПЕРТИ БАРААТ ШВАЈЦАРИЈА ДА ЈА ПРЕИСПИТА СВОЈАТА НЕУТРАЛНОСТ: Дали ќе соработува со НАТО?
Стручњаци бараат Швајцарија да ја преиспита својата неутралност и да соработува со НАТО.
Група безбедносни експерти објави извештај во кој се повикува Швајцарија да се откаже од својата воена неутралност и да ја интензивира соработката со НАТО.
Во изработката на извештајот учествувале дипломати, безбедносни експерти, високи претставници на швајцарската армија, како и поранешниот директор на Минхенската безбедносна конференција, Волфганг Ишингер. Извештајот официјално беше претставен на министерката за безбедност, одбрана и спорт и актуелна претседателка на Швајцарија, Виола Амхерд.
Значителен фактор, како што истакнуваат аналитичарите, се и финансиите. Швајцарија има закон кој забранува продажба на оружје на држави кои се во активен конфликт, што значително го намали извозот на оружје. Експертите кои го изработија извештајот велат дека овој закон мора да биде укинат. Откако Русија ја нападна Украина, Финска и Шведска влегоа во НАТО.
