Економија, финансии, бизнис

Контакт

Експерти: Азиските имигранти во Русија доаѓаат со своите проблеми

Експерти: Азиските имигранти во Русија доаѓаат со своите проблеми

Софистицирани процеси во руското општество се причината за нападот во Санкт Петербург, велат експерти. 

Имигрантите од Централна Азија и оние од зад Кавказ ги носат со себе и своите проблеми. Тие се дел од руското општество, а во него течат многу сложени процеси. Вакво објаснување на вчерашниот напад во Санкт Петрбург дадоа новинарот Николај Крстев и експертот за тероризам Николај Радулов за бугарската телевизија Нова. 

Самоубиствен напад е основната верзија за експлозијата во метрото, во која загинаа 14 лица, а уште 50 се повредени. Атентаторот е 32-годишниот Киргистанец Акбарџон Џалилов, гласи информации на АФП. 

„Русија е сложена држава. Социо-политичките процеси не треба да се потценуваат. Многу луѓе пристигнуваат таму од Таџикистан, Казахстан и ги пренесуваат своите проблеми. Во Кавказ ситуацијата е многу сложена"- објасни Крстев.

Многу млади луѓе од поранешните советски републики во Централна Азија одат во Блискиот Исток, каде се борат на страната на „Исламска држава", додаде долгогодишниот дописник на различни медиуми во Русија.

Нападот на јавно место може побрзо да се поврзе со „Исламска држава", смета и експертот за безбедност Николај Радулов.

„Во кавкаските републики секој ден има напади на локални сили, но тие се против полицијата и армијата. Удар на јавно место е повеќе поврзан со ИД"- додаде тој.

Според Радулов организираниот криминал во големите руски градови често е изграден на етнички принцип. 

Додава дека рускиот народ знае да се обедини кога е нападнат, а според него Русите се подготвени за вакви ситуации и ако не било така бројот на жртви ќе бил поголем. 

Слично

Поврзани вести