Економија, финансии, бизнис

Контакт

Експерт вели дека 15.000 војници на Путин се „заглавени“ во Украина и можно е да се предадат

Експерт вели дека 15.000 војници на Путин се „заглавени“ во Украина и можно е да се предадат

Околу 15.000 руски војници ќе бидат принудени да се предадат во Украина. Ова го тврди експертот Ед Арнолд. Тој е поранешен офицер на британската армија и НАТО и за „Sky News“ изјави дека Русија мора да се пресели источно од реката Днепар, во руско упориште, што е можно поскоро. Објасни дека таквиот потег би можел да биде проблематичен поради бројот на руски војници кои се заглавени, и во време кога украинската армија продолжува да напредува кон Херсон. 

Вели дека сега нема добри опции за Русија затоа што десетици илјади руски војници се блокирани на југ, без можност да се вратат на безбедна територија.

Минатата недела Украинците ги ослободија Нововоскресенска, Новохрихоривка и Петропавливка, градови североисточно од Керсон.

Речиси милион луѓе ја напуштиле Русија од почетокот на мобилизацијата на 21 септември, пишува руското издание на „Форбс“, повикувајќи се на извор запознаен со проценките на Кремљ.

Група регрути на руската војска, кои неодамна биле мобилизирани, јавно негодуваа и ги повикаа властите да им платат на оние кои се мобилизирани, како што им било ветено, наводно се гледа на снимка која беше објавена од независниот портал Sota Vision.

Русија анкетираше четири украински региони, но украинската војска навлезе во секој од нив, и таму Русија веќе нема целосна контрола. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари. 

foto EPA/ARKADY BUDNITSKY

Слично

Поврзани вести