Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕКСПЕРТ ОД РУСИЈА: Меѓу првата и втората доза од вакцината треба да поминат од 35 до 40 дена

ЕКСПЕРТ ОД РУСИЈА: Меѓу првата и втората доза од вакцината треба да поминат од 35 до 40 дена

Имуниот одговор на новиот коронавирус не се развива пред 32 до 45 дена после вакцинација или максимално 52 дена после, вели Александар Горелов, заменик директор за наука на Централниот истражувачки институт за епидемиологија. 

„Знаеме дека антителата не се произведуваат пред да поминат 32 до 45 дена, додека максималната количина се развива после четири периоди на инкубација или 56 дена, кога можеме слободно да дишеме. Меѓутоа, тоа не значи дека можеме да престанеме да ги носиме маските“, рекол Горелов, како што јавува ТАСС.

Горелов истакнал дека луѓето не треба да се грижат ако од некоја причина го пропуштат датумот на другата доза.

„Тоа не е толку критично, бидејќи светот има информации дека одредени земји ја применуваат вакцинацијата во рок од шест недели. Заради тоа мислам дека времето би можело да биде избрано во овој рок. Веќе сме свесни дека тоа е класичен пример, односно од 30 до 45 дена меѓу вакцинациите е прифатлива временска рамка“, рекол експертот.

Русија на 18 јануари почна масовна вакцинација против коронавирусот. Граѓаните можат бесплатно да добијат една од двете регистрирани вакцини „Спутник V“ или ЕпиВаКорона.

Слично

Поврзани вести