Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕКСПЕРИМЕНТ: Веб сајт објавувал само позитивни информации цел ден!

ЕКСПЕРИМЕНТ: Веб сајт објавувал само позитивни информации цел ден!

Рускиот информативен веб портал Ситирепортер спровел социјален експеримент меѓу своите читатели - цел ден објавувал само позитивни и убави вести или наоѓал позитивни моменти во негативните информации (на пример: Улиците проодни и покрај снегот).

Резултатот бил поразителен. Сајтот бил преполн со позитивни информации, насмеани лица и приказни кои никој не сакал да ги чита. Ситирепортер тој ден загубил две третини од своите вообичаени читатели.

За секого што е запознаен со изреката „Добра вест, не е вест“, ова нема да биде изненадување. Но експериментот на Ситирепортер е показател дека луѓето се фасцинирани од негативното дури и повеќе отколку што вообичаено се верува.

Многу психолошки студии објаснуваат зошто избираме да читаме и гледаме лоши вести. Едноставно нашиот мозок не тера на тоа. Негативните вести се паметат повеќе и емотивниот ефект од нив е поголем отколку од добрите вести. Медиумите само им сервираат на луѓето она што го сакаат. Оптимистите сепак веруваат дека медиумите ги форсираат негативните информации затоа што се важни, а со нивно ширење може да се предизвика позитивна промена. Сепак, која и да е причината, резултатот што го прикажува и овој експеримент на руските новинари е очигледен: луѓето не се толку заинтересирани за добри вести.  
Слично

Поврзани вести