Експеримент: Бесплатно метро поради градскиот метеж
Сингапурскиот министер за транспорт, Луи Tук Теу експериментално ќе воведе план за бесплатно возење со подземното метро кога е најголемиот сообраќаен метеж.
Планот треба да ги охрабри локалните жители што порано да тргнат на работа или на својата планирана дестинација, а со тоа ќе ја намалат гужвата во времето на најголемиот сообраќаен шпиц.
Според овој план, од понеделник до петок патниците кои го користат метрото со него во центарот на градот стигнат со 7 часот и 45 минути, возењето нема да го платат.
Ако стигнат во Центарот до 8 часот, тогаш ќе платат половина од цената на билетот, а ако стигнат по 8 часот тогаш ќе си ја платат полната цена. Овој план ќе се спроведува експериментално една година, од 24 јуни. За спроведување на планот ќе бидат потрошени 10 милиони сингапурски долари, што ќе бидат платени од страна на владата. Министерот изрази надеж дека на овој начин, ако 10 до 20 проценти од патниците излезат надвор од куќата порано, тоа ќе значи големо растеретување на сообраќајниот метеж.
Слично
