Економија, финансии, бизнис

Контакт

Експанзија: Кина ќе изгради над 200 нови аеродроми

Експанзија: Кина ќе изгради над 200 нови аеродроми

Кина до 2035 година ќе изгради уште 200 нови цивилни аеродроми, објави Ројтерс пренесувајќи дека ако во 2018 година земјата имала вкупно 234 аеродроми до 2035 година, нивниот број ќе изнесува 450.

Податоците покажуваат дека побарувачката за патнички авионски превоз во Кина ќе ја надмина таа во САД и до 2035 година ќе сочинува една четвртина од сите летови на светот.

Минатата година низ кинеските аеродроми поминале 552 милиони патници, а се очекува тој број да порасне на 720 милиони до 2020 година.


Слично

Поврзани вести