Ексон Мобајл ќе го зголеми производството на нафта на 4,8 милиони барели до 2017 година
Американскиот нафтен гигант Ексон мобајл најави обемна програма на капитални инвестиции, со која се предвидува годишен раст на производството од 2 до 3 отсто во периодот од 2013 до 2017 година.
Ексон наведува дека во текот на петгодишниот период во просек ќе вложува 38 милијарди долари, во однос на 37 милијарди колку што компанијата ги планирала лани.
Фирмата предвидува дека планот на капиталните инвестиции ќе го зголеми производството од 4,2 милиони барели еквиваленти нафта дневно во 2012, на 4,8 милиони барели во 2017 година.
Слично
