Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ексон го продава наоѓалиштето во Ирак

Ексон го продава наоѓалиштето во Ирак
Американскиот енергетски гигант Ексон мобајл ќе го продаде својот дел во ирачкото нафтено наоѓалиште „Западна курна1“ на кинеската нафтена компанија „Петро Чајна“. Продажбата на делот на Ексон кој во тоа наоѓалиште има 60 отсто од акциите, следи поради спорот со централната влада во Багда околу договорот кој оваа маериканска компанија го потпиша со автономниот регион на северот на Ирак, пренесува Франс прес. Според најновиот договор Петро Чајна ќе превземе 25 отсто од уделот во конзорциумот на компанијата, но Ексон исто така ќе задржи сличен удел. Имено, во јануари 2010 година Ирак потпиша договор со Ексон и британксо-холандската компанија Шел за развивање на производството на тоа поле, кое содржи резерви од 8,5 милијарди барели нафта. Меѓутоа, во октомври 2011 година, Ексон потпиша договор со ирачкиот автономен регион Курдистан, лутејќи го на тој начин Багдад, кој тврди дека сите договори мораат да поминат низ централната влада, бидејќи во спротивно ќе бидат карактеризирани како незаконски.  
Слично

Поврзани вести