ЕКСКЛУЗИВНО ЊУЈОРК ПОСТ-ЗЕЛЕНСКИ НА ДОДЕЛУВАЊЕТО НА ОСКАРИТЕ? Организаторите го кријат како посебно изненадување
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, наводно,
разговарал со Академијата за филмски уметности и науки за појавување за време на доделувањето на Оскарите.
Претставниците на Академијата се уште дебатираат дали Зеленски навистина ќе се појави во живо или ќе биде објавена снимка со неговата порака, објави „New York Post“. Дебатата на организаторите се фокусираше на тоа дали Оскарите треба да се политизираат на тој начин за време на војната во Украина, а Академијата одби да го коментира тоа за „New York Post“.
Медиумот исто така објави дека телевизијата „Еј-би-си“, која ги емитува Оскарите, се залага за Зеленски, поранешниот актер и актуелен претседател на Украина, да борува за време на доделувањето на статуетките во живо. Сепак, како што објави овој американски медиум, „Еј-би-си“ не одговори на барањата за коментар во врска со овој случај.
Актерката родена во Украина, Мила Кунис, која со својот сопруг Ештон Качер собра 35 милиони долари за украинските бегалци, се верува дека ќе даде изјава за време на церемонијата на доделување награди.
Извршниот продуцент на програмата, Вил Пакер, за време на виртуелната прес-конференција во четвртокот им рече на новинарите дека е вистинско чудо што Оскарите ќе можат да се организираат во светлината на меѓународните настани.
„Ова е навистина важен момент во историјата на човештвото и ние сме многу свесни за тоа, дека воопшто можеме да организираме вакво нешто“, рече тој.
