РОЈТЕРС ЕКСКЛУЗИВНО: ИСЧЕЗНАЛЕ 2,5 ТОНИ УРАНИУМ ОД ЛИБИСКАТА ЛОКАЦИЈА: МААЕ ги алармира земјите-членки
Инспекторите за нуклеарен мониторинг на ОН открија дека приближно 2,5 тони природен ураниум
исчезнале од либиска локација што не е под владина контрола, им соопшти регулаторот на земјите-членки во извештај до кој дојде Ројтерс.
Наодот е резултат на инспекцијата првично планирана за минатата година, која „мораше да се одложи поради безбедносната ситуација во регионот“ и конечно беше извршена во вторникот, се вели во доверливата изјава на шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси.
Инспекторите на МААЕ „откриле дека 10 специјални контејнери кои содржат приближно 2,5 тони природен ураниум во форма на UOC (концентрат на руда од ураниум) деклариран од (Либија) ... дека се складирани на таа локација не биле присутни на локацијата“, се наведува во изјавата
Агенцијата ќе спроведе „понатамошни активности“ за утврдување на околностите за отстранувањето на ураниумот од локацијата, која не го именуваше, и каде е сега, се додава во соопштението.
„Губењето на сознанието за моменталната локација на нуклеарниот материјал може да претставува радиолошки ризик, како и загриженост за нуклеарната безбедност“, се вели во извештајот, додавајќи дека за да се стигне до локацијата потребна е „сложена логистика“.
Во 2003 година, Либија под тогашниот лидер Моамер Гадафи се откажа од својата програма за нуклеарно оружје, која имаше центрифуги што може да збогатува ураниум, како и информации за дизајнот на нуклеарна бомба, иако постигна мал напредок кон изработка на бомба. Во Либија нема мир по востанието поддржано од НАТО во 2011 година, кога беше соборен Гадафи. Од 2014 година, политичката контрола е поделена меѓу ривалските источни и западни фракции, а последниот голем конфликт заврши во 2020 година.
Привремената влада на Либија, формирана на почетокот на 2021 година преку мировен план поддржан од ОН, требаше да трае само до изборите закажани за декември истата година, кои сè уште не се одржани, а нејзиниот легитимитет сега е исто така оспорен.
ФОТО: EPA-EFE/STR