Екс руски министер објасни кои се трите грешки на Путин за Украина
Eкс рускиот шеф на дипломатијата, Андреј Козирев денеска за Си-Ен-Ен изјави дека „теророт е единственото нешто што му преостанува“ на рускиот претседател Владимир Путин.
„Путин ги нареди вчерашните и денешните масовни ракетни напади врз Украина „затоа што е очаен и затоа што погрешно процени сè“, изјави Козирев, кој смета дека Путин направил „три големи грешки“.
Вели дека тој прво мислеше дека може да ја победи Украина за два или три дена. Второ, дека САД и Западот нема да им помогнат на Украинците. И трето, вели дека тој и донесе војна на Русија со прогласување мобилизација.
Рускиот генерал Сергеј Суровикин деновиве е назначен да раководи со воените дејствија во Украина. Тој порача дека за непријателите на Русија денот не почнува со утринско кафе. Во Русија веќе има негодувања околу тоа дали направиле грешки на бојното поле во Украина. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари.foto EPA/GAVRIIL GRIGOROV / SPUTNIK / KRE
Слично
