ЕКС-РАЗУЗНАВАЧ НА САД: На светот му се заканува нова голема војна
Мајкл Флин, поранешен шеф на воената разузнавачка служба на САД, во интервју за рускиот весник „Комерсант”, ја потенцира неопходноста од соработка меѓу Русија и САД во врска со кризата во Сирија, затоа што во спротивно, тој смета дека ќе има катастрофални последици.
„ Кога ќе погледнам што се случува и како се развиваат настаните, гледам дека пред нас стои голема закана. Мислам дека не си оставивме зад нас повеќе алтернативи и заедно се движиме кон проширување на конфликтот во светка војна. Се повеќе сме блиску до тоа, се поголем е ризикот и цената, а се помал изборот на решение. “ – вели Флин.
Флин, кој ја водеше службата од 2012 до 2014 година, е познат критичар на американската инвазија во Ирак и меѓународните воени операции во Либија.
Околу американската интервенција во Сирија, Флин вели дека политиката на САД во таа земја е нејасна и дека е потребно да се направи чекор назад. Тој смета дека ревидирање на стратегијата е неопходен чекор, затоа што во спротивно, САД поддржувајќи ги анти-асадовите сили, истовремено работи и во корист на Исламската држава.
Екс-разузнавачот додава дека руската интервенција, ја променила рамнотежата и динамиката на сириската војна, а за нејзино решавање според Флин неопходна е соработка.
“Мислам дека големите сили, Русија и Западот можат да соработуваат заедно. Не зборувам за дипломатски преговори, туку за соработка на бојното, информатичкото и дигиталното поле. “ – смета Флин.
Тој ја потенцира меѓународната соработка како клучна стратегија за решавање на конфликтот во Сирија, затоа што во спротивн0, Флин верува дека таа може да се прошири во светска војна.
