Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕКС-ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СССР: Путин е диктатор и предавник на народот!

ЕКС-ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СССР: Путин е диктатор и предавник на народот!

Претседателот на поранешниот Советски сојуз, Михаил Горбачов изјави дека се срами од актуелниот претседател на Русија, Владимир Путин и рускиот министер Дмитриј Медведев.

Коментирајќи ја актуелната руска влада, во интервју за руското радио „Слобода” експретседателот на СССР за  Путин рекол дека спроведува самоволие и го обвини за корупција.

„ Таквиот стил за мене е неприфатлив”- вели Горбачов и додава дека Путин го предал народот кога властите, под изговор на реформи, го зголемилe јазот меѓу луѓето и ја зајакналe корупцијата.

„Слабите руски институции овозможуваат произволно владеење и злоупотреба”- тврди Горбачов и вели дека Путин и Медвеев владеат со сеење страв.

Слично

Поврзани вести