Економија, финансии, бизнис

Контакт

Екс претседателот на ЕЦБ нов премиер на Италија: Ќе успее ли „Супер Марио“ против кризата

Екс претседателот на ЕЦБ нов премиер на Италија: Ќе успее ли „Супер Марио“ против кризата

Италија доби нов премиер - Марио Драги ја презеде функцијата премиер и веднаш вети дека ќе се бори жестоко против пандемијата и економската криза.

Само една од поголемите италијански партии не гласаше за неговиот избор, а сега сè е на рамениците на Драги, проценува Ројтерс.

Неговата прва задача ќе биде да смисли начин да потроши 200 милијарди евра од фондот на Европската унија наменети за реконструкција на италијанската распадната економија поради пандемијата.

Поранешниот шеф на Европската централна банка, Марио Драги, вчера му го предаде списокот министри во новиот кабинет на претседателот на Италија, Серхио Матарела.

Според Анса, од 23 министри во новата влада, осуммина се неполитички експерти, четворица се од Движењето „Пет sвезди“, тројца од Демократската партија, партијата на Силвио Берлускони „Напред Италија“ и „Лигата“ на Матео Салвини.

Сите парламентарни партии, освен десничарската група „Браќа на Италија“, се согласија да ја поддржат владата на Драги, што значи дека ниту една партија нема да може сама да ја симне новата влада.

Владата на Драги е 67. од 1946 година и седма во последната деценија.



Слично

Поврзани вести