Економија, финансии, бизнис

Контакт

Екс КГБ агент - Ме предупредија дека ќе се случи нешто лошо

Екс КГБ агент - Ме предупредија дека ќе се случи нешто лошо

Борис Карпичков, поранешен висок офицер на советскат тајна служба КГБ, за CNN изјави дека бил предупреден пред да се случи труењето на двојниот агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, во Англија. Карпичков тврди дека заканата постои и врз неговиот живот, односно дека руски структури планирале изведување на напад или атентат од причини кои засега е тешко да се разјаснат. 

Главна причина поради која ова предупредување не го извел пред англиските власти е бидејќи сметал дека оваа закана како и многу други претходно е несериозна, се додека не видел дека Скрипал и неговата ќерка навистина се отруени со нервниот гас Новичок. 

Дека сепак, тврдењата имаат било каква тежина Карпичков се обиде да ги убеди репортерите на CNN дека предупредувачкиот повик го добил од агент кој е длабоко „андеркавер“ и дека да даде било каква трага за тоа каква функција тој всушност врши во руската безбедносна служба ФСБ апсолутно ќе значи силни репрекусии како апсење во најмала рака и ликвидација во најлошото можно сценарио. 

Карпичков кој е пребегнат агент на КГБ со заштитен престој во Велика Британија вели дека главната причина поради која го добил предупредувањето од рускиот агент на ФСБ е поради тоа што во минатото му го има спасено животот, и тој едноставно се чуствувал должен да му помогне. 

Британските власти и натаму истрагата за труењето на шпиунот Скрипал ја држат во најголема тајност. Македонското МНР во солидарсност со САД и повеќе европски земји покажа солидарност и реши да протера еден руски дипломат од Република Македонија, што секако наиде на жесток одговор од руската амбасада и се чекува реализирање на контра мерка. 


Слично

Поврзани вести