Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕКС КАНЦЕЛАРКАТА МЕРКЕЛ ЗА ПУТИН, КАЖА -„ЧОВЕК ТРЕБА СЕРИОЗНО ДА ГИ СФАТИ НЕГОВИТЕ ЗБОРОВИ“: Тоа е мудрост, a не знак на слабост

ЕКС КАНЦЕЛАРКАТА МЕРКЕЛ ЗА ПУТИН, КАЖА -„ЧОВЕК ТРЕБА СЕРИОЗНО ДА ГИ СФАТИ НЕГОВИТЕ ЗБОРОВИ“: Тоа е мудрост, a не знак на слабост

Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел на отворањето на новоформираната фондација Федерален канцелар Хелмут Кол, сподели и лична оценка за рускиот претседател Владимир Путин и воопшто за војната во Украина, пренесува Redaktions Netzwerk Deutschland, повикувајќи се на агенцијата DPA.

„Човек треба сериозно да ги сфати неговите зборови“, истакна Меркел, додавајќи, „Сфаќањето на зборовите сериозно, не отфрлајќи ги од самиот почеток како само блеф, туку сериозно справување со нив во никој случај не е знак на слабост или смирување, туку знак на политичка мудрост. Мудрост што помага да се одржи барем простор за маневрирање, истакна поранешната германска канцеларка на вечерта посветена на нејзиниот учител, Хелмут Кол во чија чест беше отворена Фондацијата. 

ФОТО: EPA/HAYOUNG JEON

Слично

Поврзани вести