Економија, финансии, бизнис

Контакт

Екс француски репрезентативец го нарече Мартинез „кучкин син“

Екс француски репрезентативец го нарече Мартинез „кучкин син“

Екс францускиот репрезентативец Адил Рами со објава на Инстаграм го навреди Аргентинецот Емилијано Мартинез, најдобриот голман на Светското првенство во Катар.

Рами го нарече „најголемиот кучкин син во фудбалот“ и „најомразениот човек“. Мартинез претходно го навреди францускиот фудбалер Килијан Мбапе.

На прославата на Аргентина, Мартинез носеше кукла со тажно лице на Мбапе. Но, и Французите не останаа должни и тие се исмеваа со аргентинскиот фудбалер Лионел Меси. 

Франција покрена иницијатива и бара ФИФА да му ја одземе наградата на Мартинез поради недолично однесување. 

Слично

Поврзани вести