Екс директорот на Хипо банка обвинет за проневера на 700 милиони евра
Поранешениот извршен директор на австриската Хипо банка, Тило Берлин е под истрага за злоупотреба на службената позиција. Како што пренесуваат австриските медиуми, тој заедно со банкарски службеници во австриската банка се под истрага за наводна измама кои се однесуваат на трансакции со хрватски партнери
Берлин и трите други банкарските службеници се осомничени за одобрување на банкарски заеми што преизвикале штета на банката од 95 милиони евра.
Вкупната штета причинета од различни банкарски измама се повеќе од 700 милиони евра, изјави портпаролот на Хипо Банка.
Последните случаи на измама се во врска со хрватска компанија која работи со недвижности во време кога Берлин беше извршен директор на банката. Тогаш и одобрил заем од 80 милиони евра. Внатрешни истраги го откриле инцидентот и пријавиле во полиција.
Слично
