Економија, финансии, бизнис

Контакт

Eкс директорот на ЦИА вели дека Русија направи неколку грешки во војната во Украина

Eкс директорот на ЦИА вели дека Русија направи неколку грешки во војната во Украина

Русија направи три грешки во војната во Украина. 

Екс директорот на ЦИА, пензионираниот американски генерал Дејвид Петреус изјави дека руската војска направи три клучни грешки за време на инвазијата на Украина.

„Тие целосно ги потценија украинските сили и ги преценија руските. Тие не можеа да ја наметнат својата линија на воена кампања и да ги подготват силите за спроведување на оваа кампања. Покрај тоа, тие немаа модерни телекомуникациски системи. Значи, генералите продолжија да им гинат.  Понатаму, тие не ги обучуваа своите војници, секогаш знаевме дека им недостасуваат професионални подофицери кои се столбот на нашите сили на Западот. Имаше многу грешки што ги покажаа, некои очекувани, а некои неочекувани“, нагласи пензионираниот генерал Петреус, поранешен началник на Здружениот штаб на началаници на американската војска.


Генералот истакна дека руските комуникациски канали се едноканални и не се шифрирани, што им олеснува на Украина и нејзините сојузници да ги следат.

Њусвик пренесува дека Петреус кажал дека украински напад може да предизвика колапс на руските сили на југот на Украина и дека украинските сили ќе ослободат голем дел од украинската територија што Русите ја окупираа лани,  до Крим, пренесува загребската телевизија N1.

Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари, а со месеци руските сили се обидуваат да го стават под контрола градот Бахмут, но не успеваат. 

Русија се обидува да употреби тајно оружје за да го блокира пристапот на украинската армија до интернет преку Старлинк, објави Вашингтон пост, повикувајќи се на тајните извештаи на американските разузнавачки служби кои неодамна беа обелоденети во јавноста.

Според „Вашингтон пост“, Москва со месеци експериментирала со својот систем за електронско војување „Тобол“ во обид да ја блокира работата на сателитски интернет услуги „Старлинк“ во Украина.

Слично

Поврзани вести