Екс-директорот на BlackBerry ги продаде сите свои акции во компанијата
Еден од двајцата поранешни главни извршни директори на BlackBerry - Џим Балсам, ги продал сите свои акции кои ги имал во компанијата, покажува известувањето од команијата пратено до американската Комисија за хартии од вредност и берзи.
Балсам почна да работи во BlackBerry во 1992 година, или осум години, откако компанијата е основана. Тој ја заземаше функцијата извршен директор, заедно со основачот Мајк Лазаридис до јануари 2012 година, кога двајцата ја напуштија функцијата и беа заменети со Торстен Хаинс.
Под управа на Хаинс компанијата го претстави новиот оперативен систем BlackBerry 10, која треба да се натпреварува со Android и iOS. Тој, исто така преименува компанијата во BlackBerry, менувајќи старото име Research In Motion.
Кога Балсам ја напушти функцијата минатата година, тој беше еден од најголемите акционери со 26,8 милиони акции. Во тоа време тој изјави:
"Останувам значаен акционер и директор и се разбира, компанијата ќе има мојата целосна поддршка."
Но, потоа се чини работите се сменија. Тој го напушти Одборот на директори во март и постепено продаде сите свои акции.
Слично
