Економија, финансии, бизнис

Контакт

Берза: Економските податоци за САД натежнаа пред тензиите во Сирија

Берза: Економските податоци за САД натежнаа пред тензиите во Сирија
Растат индексите на Wall Street поради ревидираните податоци за економскиот раст на САД во вториот квартал, но сепак засенчети од тензиите околу Сирија. На почетокот на тргувањето Dow Jones се зголеми за 0,54 % до 14 904 поени , S & P 500 додаде 0,61 % до 1 645 поени , додекаNasdaq се зголеми за 1,02 % до 3 630 поени. Американското Биро за економски анализи денеска ги објави ревидираните податоци за економскиот раст во САД во вториот квартал , кои се покажаа посилни од очекуваното и ги надминаа прелиминарните оценки на бруто домашниот производ ( БДП ) . Економијата на земјата е има раст за 2,5 % за периодот април -јуни , а не за 1,7 % , како што беше првичната проценка . Аналитичарите очекуваа растот да биде ревидиран до 2,2 % . Потрошувачка во вториот квартал се зголеми за 1,8 % - исто така малку повеќе отколку што се мислеше претходно . Истовремено тензиите околу ситуацијата во Сирија влијаат врз берзата, но денеска беа релативизирани поради тоа откако претседателот на САД Барак Обама соопшти дека сеуште не донел одлука дали да започне напад . Франција и Велика Британија , пак, изразија подготвеност да ги почекаат резултатите од истрагата на ОН во врска со употребата на хемиско оружје , а Вашингтон најави дека нема да дејствува без поддршка на сојузници.
Слично

Поврзани вести