Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕКОНОМСКИ УДАР ЗА МАДУРО: Toj предупредува за можно крвопролевање

ЕКОНОМСКИ УДАР ЗА МАДУРО: Toj предупредува за можно крвопролевање

Нов силен економски удар задава САД на Венецуела. 

Ова следи откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека воведува санкции кон официјален Каракас. САД ги блокира средствата на венецуелската државна нафтена компанија „Петролос де Венецуела“, во вредност од седум милијарди долари. 

Тоа ќе значи и замрзнување на какви било средства што венецуелската компанија ги има под американска јурисдикција, како и забрана на американците да соработуваат со компанијата. Санкциите ќе влијаат и на извозот вреден 11 милијарди долари во текот на следната година.

Официјалниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, на англиски јазик директно му се обрати до Трамп, обвинувајќи ги Соединетите држави за обид за државен удар во земја.

„Крвта која би можела да биде пролеана во Венецуела е на твоите раце, претседателе Трамп“ - изјави Мадуро. 

Русија упати остро критики кон САД за санкциите што ги воведе кон внецуелската државна нафтена компанија.

Мадуро ги поздрави американските дипломати кои заминаа од Венецуела, откако двете земји го намалија бројот на дипломатската мисија. 

Kина е против ударот кој му се задава на Мадуро. За една недела во земјата во немирите имаше 35 загинати, и повеќе од 80 приведени. 

Венецуела последните години се соочува со економска криза. 

Слично

Поврзани вести