Економија, финансии, бизнис

Контакт

Eкономската криза ја зафати и Германија

Eкономската криза ја зафати и Германија
Германската економија во следните месеци ќе го изгуби импулсот поради должничката криза во еврозоната, соопшти  централната банка во Германија. Според  соопштението продолжувањето  на  кризата во еврозоната е најголема закана за германската економија. Исто така и забавувањето на водечките економии во светот, како што се Кина и САД  влијае  на економските перформанси на Германија. На спроведена анкета меѓу компаниите, односно 28 проценти од нив најавиле дека следната година планираат да укинат дел од работните места, додека само 20 отсто укажале дека сака да креираат нови работни места. Откако германската економија успеа да ја преброди економската криза во првата половина на годината го забави темпото на раст на 0,2 отсто во третиот квартал.  
Слично

Поврзани вести